Едноставно неодолив: Освежете се летово со неодоливиот коктел Хуго! (РЕЦЕПТ)

popara14 јули, 20201min00
koktel

Името на коктелот се изговра „уго“ и станува збор за релативно нов пијалок создаден во 2005та година, кој уште тогаш стана сериозна конкуренција на многу популарни коктели.

Сирупот од бозел, кој е еден од состојките, на коктелот му дава сладок вкус и пенливост, што ја балансира киселоста на зелениот лимон. Наместо зелениот лимон можете да користите зелено јаболко.

Потребни состојки:

  • 100 мл пенливо вино
  • 150 мл минерална вода
  • 1-2 лажички сируп од бозел
  • 5 лисја нане
  • 2 Зелени лимони
  • мраз

Подготовка:

Исецкајте ги и изгмечете ги листовите нане, па ставете ги на дното на висока чаша за вино. Додадете сируп од бозеч, сок од зелен лимон, пенливо вино и минерална вода. Измешајте добро и додадете ги нане, сецкан лимон и мраз по желба. Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma