13 МИЛИОНИ ПОГЛЕДИ: Заразениот келнер на видеото покажува колку всушност е непријатен овој симптом на коронавирус

12 ноември, 2020
pjimage-14

„Еден пријател не ми веруваше дека не чувствувам вкус, па ми рече да јадам нешто навистина непријатно. Се согласив ‘

Еден од симптомите пријавени од многу заразени со коронавирус е губење на чувството за вкус и мирис. Степенот до кој тој може да се појави, го демонстрираше на „TikTok“ 30-годишниот келнер и актерот во подем Расел Донели на кој пред неколку дена му беше дијагностициран Ковид-19.

„Единствениот симптом што го имам е губење на чувството за мирис и вкус. Сè друго е во ред “, изјави тој за BuzzFeed. „Вториот бран не е шега, имав среќа, искрено“. Расел ги исполнува монотоните денови во изолација со снимање на видео за TikTok, а еден има собрано дури 13 милиони прегледи.

@rustardlikemustard

Covid taste testing. This is the craziest sensation. #covid19 #fyp #MyHobby #fineart

♬ original sound – rustardlikemustard

Спроведе експеримент пред камерата

„Еден пријател не ми веруваше дека не чувствувам вкус, па ми рече да јадам нешто навистина непријатно. Се согласив “, рече Расел во видеото, а потоа се нафрли на кромид, концентриран сок од лимон и паста од лук. Не направи гримаси или што било што би укажало на тоа дека му пречат силните вкусови.

@rustardlikemustard

Covid test part 2 WASABI OREO up next. For now here’s this….#Covid #covidtastetest #MotivationMonday #fineart

♬ original sound – rustardlikemustard

„Чувствував малку кромид во синусите, но главно ништо посебно. Пастата од лук беше полесна. Неколку пати го задржав сокот од лимон во устата, почувствував како се стега во устата, но немаше вкус. Телото очигледно реагира хемиски, но моите сетила за вкус се изгаснати “, опиша заразениот келнер.

Донели сними уште неколку продолженија во ист стил: тој изеде портокал откако ги миеше забите, кромид стар неколку дена, риба во масло и прилично непријатна комбинација на вкусови. На крајот од секое видео, тој заклучи дека „не чувствува апсолутно ништо“.

@rustardlikemustard

Covid taste test part 4! Enjoy! MERCH IS ON THE WAY STAY TUNED. Like, share, comment! #rustardlikemustard #dontspilltheanchovies

♬ original sound – rustardlikemustard
Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi