3 причини зошто жената не треба да го земе презимето на мажот!

21 ноември, 2020
234711_shutterstock-519394618_ls


Иако многу дами гордо го земаат презимето на нивниот иден сопруг, што е сосема во ред и е прашање и на личен избор, оние кои многу би сакале да го задржат своето моминско презиме, обично се одрекуваат од ова право поради вкоренети, наметнати социјални правила и можна осуда. Еве три главни причини што се споменуваат денес против вообичаеното земање на презимето на сопругот:

1. Сексистичката традиција на минатото

Многу социолози сметаат дека оваа воспоставена практика е сексистичка традиција од патријархалното време, според која на овој начин мажот станува глава на семејството и има „повисока позиција“ од жената.


2. Губење на врската со корените

Секој од нас има свое место на семејното стебло. Кога жената ќе се омажи, таа станува дел од семејното стебло на нејзиниот сопруг. Претходно, девојките по бракот веќе не се сметаа за дел од првичното семејство, а доколку се разделат, практично веќе не припаѓаа на ниту едно семејство. Покрај тоа, многу жени кои се самохрани или имаат само женски деца во семејството, не сакаат да се откажат од презимето за да не им се изгасне семејната лоза. Денес, ваквите дами честопати се одлучуваат да го додадат презимето на својот сопруг на своето моминско презиме, а некои инсистираат на тоа дека нивните деца ги носат и презимињата на мајката и таткото.

3. Проблеми со документи

При промена на презимето, сите лични документи мора да се променат. Таа тврда документација што може да трае со месеци се прави еднаш, но некои жени едноставно сакаат да бидат практични – доколку дојде до развод, тие се свесни дека нема да сакаат да го носат презимето на нивниот поранешен сопруг, па документацијата ќе мора повторно да се смени.

escort - Korsan taksi