Бенгалката Суки: Го пропатува 13 земји и стана вистински хит!

5 октомври, 2020
suki-gotovo


Љубителите на мачки бараа раса подготвена за авантура, за да може да патува со нив, но бенгалката Суки ги надмина очекувањата. Патуваше со нив и Европа и стана ѕвезда.

Кога во февруари 2017 година изгубија мачка која живееше со нив цели 19 години, Мартина Гутфрунд и нејзиниот партнер решија веднаш да добијат ново милениче. Бидејќи патуваат многу низ провинцијата Алберта во Канада, бидејќи прават фотографии и честопати се фотографираат надвор, тие сакаа да добијат мачка која ќе може да ги придружува барем на некои патувања. Со малку истражување, тие одлучија да набават мачка од раса Бенгал, бидејќи во сите описи се посочува дека тие обично се многу енергични, смели, интелигентни и не се склони да лежат мрзливо на каучот. На кратко, тие заклучија дека една бенгалска мачка може да биде одличен избор.

Денес, Суки е вистинска sвезда на Инстаграм и Фејсбук, светска патувачка мачка, чии авантури многу ги следат, не само преку Инстаграм, туку и на блогот Suki The Adventure Cat, кој го пишува нејзиниот сопственик, чии приказни веќе беа опфатени во неколку книги.

Таа започна да ги придобива своите фанови со првите фотографии и видеа од нивниот двор, каде што ја научија да оди со водич. Првите чекори беа малку застрашувачки, поради новите звуци и мириси што требаше да ги запознае.


Од тогаш, Суки патуваше во 13 земји, од родната Канада, преку САД, Мексико, Германија, Италија, Швајцарија, Хрватска, Белгија, Франција, Словенија, Чешка, Австрија до Луксембург.


Иако нејзините патувања и престој на отворено би можеле да бидат можност за „употреба“ на бубачки, инсекти, глувци и слично, Суки не е баш воодушевена од ваквиот избор, туку јаде мешавина од домашна сурова храна и варени деликатеси што ги подготвуваат сопствениците за неа.

Иако често е тешко да се сними совршена фотографија, а нејзиниот сопственик честопати слика околу 20 од нив за да добие една или две добри, што најдобро ја отсликуваат љубопитноста на Суки и убавината на природата што ги опкружува. Но, патните фотографии што ги објавуваат на блогот се буквално совршени и не е ни чудо што мачката е таква sвезда.

escort - Korsan taksi