ДАЛИ СТЕ СЛУШАЛЕ ЗА ИГРАТА „КОРОНА“? Се продава како луда, а ја дизајнираа четири девојки – ОВА СЕ ПРАВИЛАТА!

24 декември, 2020
403068_game-characters-1744210-640_f

За време на првиот карантин во Германија, четирите сестри Швадерлап го поминаа своето време измислувајќи социјална игра за коронавирусот, која сега се продава во големи количини.

„Корона“ може да ја играат најмногу четворица играчи кои се натпреваруваат кои ќе ги купат сите намирници од списокот за купување на постар сосед кој не може да излезе надвор поради пандемија.

Учесниците ги собираат и менуваат картите што се наоѓаат во играта, а победник е оној кој прв ќе испорача сè што е нарачано, пишува Bizlife.

Препреките со кои се соочуваат играчите се однесуваат на блиски средби со вирусот што ги праќа во карантин или откритието дека претходните потрошувачи веќе ги купиле сите пакувања за тестенини и тоалетна хартија.

„Основниот принцип е принципот на солидарност“, рече 20-годишната Сара, една од сестрите.

Како што изјави таа, секој играч може да одлучи дали ќе соработува со другите или ќе им ги отежне работите блокирајќи им го патот со вирусот.

За време на карантинот, сестрите работеа на оваа социјална игра, постепено вметнувајќи сè повеќе елементи, слушајќи ги најновите вести за пандемијата.