Денес е светскиот ден на СЛАДОЛЕДОТ! Каде и кога настанал и во која земја НАЈМНОГУ се конзумира?

19 јули, 20200
Annotation 2020-07-19 161844

На многумина, сладоледот им е омилен десерт, заради неговата многу специфична текстура и различните вкусови, како и ладното, но кремаво чувство што ни го дава веднаш штом ќе го вкусиме.Овој ден секоја година се слави како Светски ден на сладоледот.

Затоа ви предлагаме сега да го земете омилениот сладолед, да седите удобно во фотелјата и да откриете многу интересни факти за него.

Историја

Американскиот претседател Роналд Реган беше првиот што одлучи да го воведе Денот на сладоледот, а тоа го стори во 1984 година, и оттогаш третата недела од јули е посветена на сладоледот во многу делови на светот.

Тој сакаше да ја поддржи оваа голема индустрија, што е особено важна за Америка, бидејќи таа земја конзумира најмногу кутии сладолед годишно, повеќе отколку во која било друга земја во светот, а се проценува дека дури 98% од американските домаќинства редовно купуваат сладолед.

Патем, сладоледот е една од најстарите слатки во светот. Се верува дека потекнува од Иранската империја, околу 500 година п.н.е. Потоа, различни вкусови беа комбинирани со мраз, така што луѓето ќе можат да уживаат во него во летните месеци.

Потоа, околу 400 година од н.е., Персијците почнаа да го мешаат мразот со ладно овошје, розина вода, шафран и многу други вкусови, па со тек на време се создал најпопуларен вид ирански сладолед –  Bastani Sonnati (комбинација на фстаци, ванила, роза вода, шафран, шеќер, млеко и јајца).

Исто така, во античка Кина, во кралските дворови беше направена мешавина од мраз и млеко, така што беше добиена ледена мешавина, слично на денешниот сладолед.

Интересни факти

Арапите беа првите што го донесоа сладоледот во Европа, па ги научија Италијанците вештини како да замрзнуваат крем, затоа Италијанците денес важат за најдобри мајстори за правење сладолед.

Корнетот, кој стана синоним за сладолед, го измислил Итало Марчони, слаткар од Вол Стрит, во 1924 година, додека сладоледот на стап е создаден десет години подоцна.

Најголемиот сладолед во светот беше направен во 1988 година во Канада, и тежеше 24 тони, а најголемата порција на сладолед е направена во 1985 година, и беше висока 4 метри, и прелиена со 145 литри прелив.

Сладоледот за отрезнување е направен во Кореја, и се вика  “Gjeonđo”, што на корејски значи „држи се“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi