Доаѓа есента: Како влијае на водењето љубов, апетитот, учењето и тежината?

17 септември, 2020
ЕСЕН НАСЛОВ

За многумина, есента е најомилената сезона

Есента официјално доаѓа за неколку дена, а за многумина ќе донесе значителни промени во животот.

Интересно е да се види како оваа сезона, за многумина најубавата, навистина влијае на нас.

И веројатно ќе се изненадите колку интересни факти се поврзани со есента.

Есенските деца се подобри ученици

Децата родени помеѓу септември и декември има поголема веројатност да бидат одлични ученици отколку деца родени во други сезони, покажува студијата на британското Министерство за образование.

Ако сте родени на есен, најверојатно ќе живеете подолго

Студија на Универзитетот во Чикаго, во која учествувале 1.500 луѓе постари од сто години, покажа дека есенските деца имаат најголеми шанси да ја доживеат стотата, во споредба со другите деца.

Боите на есенските лисја се секогаш присутни

Волшебните есенски бои, како црвена, портокалова и жолта, се присутни на лисјата во текот на целата година, тие се само скриени. Имено, на сонце, хлорофилот им дава на лисјата целосна зелена боја, меѓутоа, кога количината на сончева светлина се намалува на есен, хлорофилот исчезнува, а се појавуваат есенски бои.

Посилна сексуална желба

Нивото на тестостерон и кај мажите и кај жените е највисоко за време на есента, а жените се попривлечни за мажите отколку за време на летните месеци. Ако имало сезона на парење кај луѓето, како што е случај во животинскиот свет, тогаш дефинитивно тоа би било есента.

Љубовта е во воздухот

Љубовта е во воздухот, особено на Фејсбук. Според официјалните податоци, повеќето луѓе го менуваат својот статус на Фејсбук од „сингл“ во „во врска“ за време на есента, додека, на пример, повеќето раскинувања се случуваат во текот на летото.

Може да добиете на тежина

Експертите веруваат дека поради намалената количина на витамин Д, како резултат на недостаток на изложување на сонце, имате поголеми шанси да добиете 2-4 килограми, бидејќи витаминот Д промовира побрзо разградување на маснотиите.

Лоша е за филмовите

Ниту еден филм добитник на Оскар го немаше зборот есен во својот наслов – „Богородица пролет“ (1960), „Лето од ’42“ (1970) и „Лавот во зима“ (1968) сите беа во други годишни времиња.

escort - Korsan taksi