Добро погледнете го овој Рачен Часовник!! Ако го забележите на нечија рака, ќе знаете со сигурност дека тој човек е…

14 јуни, 20200
Добро погледнете го овој Рачен Часовник!! Ако го забележите на нечија рака, ќе знаете со сигурност дека тој човек е…

Најсофистицираниот софтвер за шпионирање на сите времиња е толку моќен што се смета за оружје и може да се продава само под строги услови – секој што знае да го користи може да ве најде со вашиот GPS, да го вклучи вашиот микрофон и фотоапарат во секое време и да снима сè, да украде слики , контакти, секој документ.

Дејствата на руските и американските хакери станаа составен дел од судирот на суперсилите, нивните упади во доверливите бази на податоци станаа глобален проблем. Но во Русија, за разлика од ситуацијата на Западот, лесно може да се купат податоци како што се детали за пасош или броеви на банкарска сметка , дознава Би-Би-Си.

Едно утро во јануари 2018 година, пишува „Дејли меил“, Роман Рјабов излегол од канцеларијата во градот Тула на југот на Русија за да купи цигари. Работел за „Beeline“, еден од најголемите мобилни оператори во Русија. Му се приближил човек што никогаш не го сретнал. Андреј Богџук, веднаш му дал деловен предлог. Тој сакал Рјабов да пристапи до телефонските записи на некој што го познавал.

Дигитални сенки

Подоцна истиот ден, Рјабов му испратил е-пошта на Богоџук со долг список со телефонски повици и датуми, за што му биле исплатени 1.000 рубли (16 долари). Jабов испратил и податоци од два други мобилни телефонски броеви на неговиот нов познаник. Но, „Beeline“ веќе го забележа упадот во доверливите податоци и ја повикал полицијата. Двајцата  биле осудени и казнети со социјално корисна работа: Богоџук 340 часа, Рјабов 320. Една година подоцна, овој метод за добивање лични податоци во Русија веќе стана старомоден.

  • Ако има побарувачка и може да се направат пари од тоа, некој веќе ќе се појави да го пополни тој јаз – рече Харисон ван Рипер, аналитичар за истражување во компанијата за компјутерска безбедност „Дигитални сенки“. „Истекувања“ на официјални информации се случуваат во сите земји, една од најпознатите е онаа на Едвард Сноуден, подизведувач на американската агенција за национална безбедност, кој во 2013 година објави огромна количина на податоци за шпионските активности на Вашингтон.

Шпион во џебот

За многумина, паметниот телефон е прозорец кон светот. Но што ако е исто така прозорец во вашиот приватен живот? Дали некогаш сте размислувале за фактот дека би можеле да носите шпион во џебот? Замислете хакерите далечински да можат да инсталираат на вашиот телефон програма што им овозможува пристап до сè, вклучително и шифрирани пораки, па дури и да ги контролираат микрофонот и фотоапаратот? Позната по тајноста и тајни шпионски активности, американската разузнавачка агенција отвори профил на социјалната мрежа „Инстаграм“. „Ние сме прва линија на одбрана на нашата држава“, се вели во описот на профилот.

На првиот пост се наоѓа фотографија од биро расфрлано со разни предмети, од кадрава сива перика до куп странски банкноти. Фотографијата, направена во седиштето на ЦИА во Ленгли, Вирџинија, го носи криптичкиот потпис „Шпионирам со моето мало око.“ Предизвикот е да се идентификуваат предметите на фотографијата. како дел од стратегијата насочена кон привлекување помлада генерација аналитичари, агенти и истражувачи, а повеќето корисници на Инстаграм се под 30 години. Фотографијата ги покажува симболите на најдобрите американски шпиони. Меѓу другото, има и едни манжетни, кои наводно ги користат агентите на ЦИА за да се идентификуваат. Шпионите исто така носат специјални часовници како „Арес“, па кога ќе го видите на нечија рака, вие знаете дека тоа е – „Бонд“.

Мајк Мари е специјалист за компјутерска безбедност во Lookout, компанија со седиште во Сан Франциско која им помага на владите, деловните субјекти и потрошувачите да ги чуваат своите телефони и податоци безбедни. Тој објаснува како работи најсофистицираниот софтвер за шпионирање на сите времиња. Софтверот е толку моќен што се смета за оружје и може да се продава само под строги услови.

  • “Секој што знае да користи софтвер може да ве најде со вашиот GPS”, вели Мајк. Тоа значи, “Јас можам да ги вклучам вашиот микрофон и камера во секое време и да снимам сè што се случува околу вас. Согтверот краде пристап до секоја социјална апликација што ја имате.” ги краде сите ваши слики, контакти, информации за календарот, е-пошта, секој документ, буквално го претвора вашиот телефон во уред за прислушување.

Спајверите постојат со години наназад, и со овој посебен примерок влегуваме во еден сосема нов свет. Овој софтвер не ги пресретнува податоците за време на преносот кога обично се кодирани, туку додека е сè уште на телефонот, преземајќи ги сите негови функции. Технологијата е толку напредна што е речиси е невозможно да се открие.

Ел Чапо сакал да остварува телефонски повици

Откако избега од затвор, познатиот господар на наркотиците Ел Чапо, тој помина шест месеци во бегство, помогнат и заштитен од широката мрежа помагачи. Тој комуницираше само преку кодирани телефони; тие, наводно е невозможно да се пробијат. Но, се тврди дека мексиканските власти купиле нов, напреден шпионски софтвер и успеале да „заразат“ телефони од неговото непосредно опкружување, што ги доведе до скривницата. Неговото апсење покажува колкава голема улога има шпионскиот софтвер во борбата со тероризмот и организираниот криминал.

Еве еден интересен пример, цитиран од Гардијан. Извесен Рори Донахи, блогер, основаше група и веб-страница за кампањи за Блискиот исток. Тој известуваше за кршење на човековите права во Обединетите Арапски Емирати, од третманот на работниците мигранти до туристите кои го кршат законот. Неговата публика се состоеше од само неколку стотици луѓе. Насловите не беа повеќе запаливи од оние што се појавуваат во дневните вести. Само кога се префрли на работа за информативниот портал „Средноисточно око“, се случи нешто необично – тој започна да прима чудни пораки со линкови од непознати испраќачи. Рори испрати една таква сомнителна е-пошта до истражувачката група наречена Citizen Leb, со седиште на Универзитетот во Торонто, која ја испитува злоупотребата на дигиталната шпионажа против новинарите и активистите за човекови права. Тие потврдија дека врската е наменета за малициозен софтвер и преземање од неговиот уред, но и за известување на испраќачот за видот на антивирусна заштита што ја има.

Се испостави дека Рори е таргетиран од компанија за сајбер-шпионажа што работи за владата на Обединетите Арапски Емирати во Абу Даби. Ги надгледува групите што владата ги смета за екстремни и ризик за националната безбедност. Тие дури и му дадоа на ситниот британски блогер шифрирано име „oиро“ и ги следеа и членовите на неговото семејство. Citizen Leb состави целосно досие за тоа што смета дека е злоупотреба од страна на владите како клиенти. Треба ли развивачите на софтвер, исто така, да бидат одговорни за овие злоупотреби? За разлика од другите оружја, како оружје или муниција, креаторот останува активен за време на сервисот и одржувањето на шпионскиот софтвер и по продажбата. Дали тој тогаш подлежи на кривична одговорност ако софтверот е злоупотребен? Главниот играч на пазарот за правно следење е израелска компанија наречена НСО Груп. Постои скоро цела една деценија и заработува стотици милиони долари годишно.

Крајната цел на индустријата за правно пресретнување на податоци, Светиот Грал, ако можеме да го наречеме така, е да се развие стопроцентно невидлив шпионски софтвер. Ако успеат да го постигнат тоа, никој нема да може да ја пријави злоупотребата бидејќи никој нема да знае дека се случува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi