Два коња за два сина: Обидете се да ја решите оваа загатка и докажете ја својата интелигенција!

14 декември, 2020
konj_ag

Загатката на татко што умира и сака да го остави својот имот на еден од неговите два сина, а условот е да има побавен коњ е вистински хит на социјалните мрежи.

Дали знаете како да ја решите оваа интересна загатка:

Таткото што умира ги собра своите синови заедно и им кажува:

“Мои синови, јас умирам, па треба да склучиме договор. Овој имот што го имам е премал за да се подели на половина. Целиот имот треба да припаѓа на оној од вас кој има побавен коњ. Оној чиј коњ е побрз не треба да добие ништо затоа што неговиот коњ може да заработи доволно за него “, им рече нивниот татко.

Синовите сега сакаат да дознаат преку трката чиј коњ е побавен. Но, кога соседот дал сигнал да ја започне трката, ниту еден од синовите не тргнал затоа што и двајцата сакале нивниот коњ да биде побавен.

Затоа, отидоа кај стариот мудрец за совет. Откако ги ислуша, им даде совет како да ја започнат и завршат трката, без да го смени основното правило дека оној што има побрз коњ не треба да добие ништо.

Дали знаете што ги советувал мудрецот?

Мудрецот ги советувал да ги заменуваат коњите. Значи, секој од нив ќе се обиде да јава побрзо.

escort - Korsan taksi