Ги тужел своите родители откако дознал дека му фрлиле ЦЕЛА колекција списанија и филмови за возрасни во вредност од ВИСТИНСКО БОГАТСТВО

23 декември, 2020
Screenshot_1

Човекот, кој со години собираше списанија и филмови за возрасни, реши да ги тужи своите родители, откако му ја фрлија целата колекција, што, според него, вредеше вистинско мало богатство.

Дејвид Векинг (42) од Мичиген решил привремено да се врати кај своите родители по разводот, што според неговата колекција на содржини за возрасни, било погубно. Имено, неговите родители немале слух за неговиот собирачки дух, па фрлиле сè во ѓубре. Шокиран од тој факт, тој ги тужел и ги добил на суд, па затоа сега може да бара отштета. Како што рече, неговата колекција вредела околу 25.000 долари.

Судот во Мичиген беше немилосрден, а судијата пресуди во негова корист, иако на судењето рекоа дека во неколку наврати му рекле да не ја носи својата колекција во нивниот дом. Сепак, судот утврди дека тие, ниту како родители ниту како сопственици, немаат право да допираат нешто што му припаѓа на нивниот син.

Според ВВС, тој живеел со своите родители девет месеци во 2017 година, по што се преселил во Индијана. Ставот на родителите дека не сакаат да имаат никаква врска со неговото „колекционерско богатство“ бил ист за време на преселбата во друг град, па затоа не сакале да му помагаат при пренесување на неговите работи, ниту да ги чуваат во нивниот дом.

escort - Korsan taksi