И кошмарите се променија! Еве за што луѓето обично сонуваат за време на КОВИД-19

5 октомври, 2020
man-1875980_1920-1536x1024

Во истражувањето учествувале 4.275 лица

Короната драстично ги промени нашите животи, дури и во полето на несвесното, а експертите утврдија дека вирусот сериозно влијаеше на промената на нашите соништа.

Однесувањето на 4.275 волонтери од Финска беше следено осум недели, а научниците дојдоа до многу интересни заклучоци.

Околу 54 проценти од испитаниците рекле дека спијат значително подолго за време на карантинот отколку пред пандемијата. Скоро 29 проценти од луѓето рекле дека сега многу почесто се будат во текот на ноќта, додека 26 проценти откриле дека имаат повеќе кошмари отколку порано.

Повеќе од половина од анкетираните, околу 56 проценти, изјавиле дека се под поголем стрес отколку пред короната.

Од сите соништа што ги имале учесниците, околу 50% имале директна врска со „ковид-19“, а луѓето кои биле под зголемен стрес поради пандемијата имале многу поголема веројатност да имаат кошмари за корона или нарушувања на спиењето.

А, од соништата, најчести се однесуваа на социјалното растојание, пандемија, ширење на инфекција или можност за стари лица да се разболат.

Бројни учесници во ова истражување имале кошмари за носење маски, дистопија или пропаѓање на светот.

„Оваа студија покажа дека човечките соништа не се толку уникатни како што мислевме. Заедничкото мислење е дека нашите соништа се крајно лични, но и тоа се менува. Кога околината нѐ изложува на слични предизвици, таа се изразува на многу сличен начин во нашите соништа. Соништата можат да ни обезбедат важни информации за клучните извори на стрес, вознемиреност и прилагодување. Нашата студија, исто така, укажува на можноста нашите соништа да имаат и социјална димензија што може да се споделува и проучува заедно “, рече д-р Ана Катрина Персен, која го водеше ова истражување.

escort - Korsan taksi