Истражувачите тврдат: Гледањето филмови во кино е како лесна КАРДИО вежба!

27 септември, 2020
кино насловна

И забавно и корисно

Одењето во кино е еден вид забава.

Без разлика дали одите со некого, па дури и сами, знаете дека дефинитивно ќе се забавувате.

Сепак, освен забава, гледањето филм во кино, тврдат истражувачите, е како лесна кардио вежба.

Истражувачите од Универзитетот во Лондон дошле до заклучок дека луѓето кои редовно гледаат филмови во кино, имаат поголема брзина на срце, што се третира како лесна кардио вежба. Во исто време, ова не се однесува на гледање филм дома, затоа што тогаш нешто секогаш ја нарушува вашата концентрација.

Учесниците на студијата го гледаа „Аладин“ со сензори кои го следеа нивниот ритам на срцето за време на филмот, а потоа ги споредија резултатите со анализите на другите луѓе кои ја читаат книгата

Нормалните отчукувања на срцето во минута, од 60 до 100, се мерат кај оние кои минале најмалку 40 минути во кино.

Помеѓу 40 и 80 проценти од испитаниците имале максимален ритам на срцето, од 96 до 160, што може да се спореди со срцевиот ритам за време на побрзо одење. Исто така, додека го гледате филмот, депресијата и вознемиреноста кај луѓето се намалуваат. Бидејќи социјалните мрежи, мобилните телефони и таблетите предизвикуваат деконцентрација, гледањето филм во кино создава спротивен ефект и позитивно влијае на здравјето.

escort - Korsan taksi