КАКО ДО ПОЕВТИНО ЗАГРЕВАЊЕ НА ДОМОТ?: Експертите откриваат трикови што секој треба да ги знае!

6 октомври, 2020
grejanje

Грејната сезона пристигна, а секој трик кој ќе ни помогне подобро и поевтино да се загрееме е секако добредојден …

Есента пристигна, сезоната кога многумина од нас почнуваат да го вклучуваат греењето. Секако, сите размислуваат кој метод на греење е најевтин, но и за тоа дали е поевтино да го оставите греењето цел ден или да го вклучите кога ќе пристигнете во станот / куќата.

Експертите даваат своја проценка за ова прашање што нè интересира сите!

Имено, тие сугерираат дека не е поевтино да се остави греењето цел ден. За да се одржи температурата во текот на денот, дури и кога е поставена на пониска температура, греењето мора да работи во текот на денот, што значи дека троши електрична енергија во текот на целиот ден. Затоа, велат експертите, сепак е подобро да го вклучувате греењето кога ви треба и кога сте дома.

Меѓутоа, ако вашата куќа е постудена, односно не е добро изолирана, ќе ви треба повеќе електрична енергија за да ја загреете кога ќе го вклучите греењето.

Затоа тие препорачуваат да користите тајмер, кој ќе ви овозможи да подесите кога греењето да биде вклучено и исклучено, и нема да се грижите дали ќе заборавите да го исклучите греењето.

На крајот, експертите се согласуваат дека најважното нешто што треба да се разгледа е дали вашиот дом е добро изолиран или дало топлината излегува. Ако изолацијата е добра, се троши помалку електрична енергија, без оглед на тоа дали греењето работи на пониска температура во текот на денот или се користи тајмер. Ова е сосема логично затоа што колку помалку топлина се губи, толку помалку енергија е потребна за загревање на просторијата.

escort - Korsan taksi