Лошо им се пишува на јавните тоалети! И тие би можеле да бидат жртва на корона вирусот!

13 јули, 2020
pisoari

Експертите за тоалети велат дека во „светот по пандемијата“, вц шољите  би требало да одат во историјата.

Директорот на британското здружение за тоалети, Рејмонд Мартин изјави дека компаниите и властите треба да ги прилагодат јавните тоалети, така што со нивната употреба не се создава ризик од инфекција со корона вирусот.

Мартин изјави дека во тоалетите треба да се инсталира „нова технологија“ на испуштање вода со притискање на стапалата и сензорно активирање на чешмите.

Британските компании кои одржуваат јавни тоалети предложија редови на уриналници во машките тоалети да бидат заменети со кабини, така што жените би можеле да го сторат истото.

Мартин призна за „Sunday Times“ дека адаптирањето на јавните тоалети ќе биде скапо, но подвлече дека тие се „витален дел за обновување на јавниот живот“.