Можно е првата генерација вакцини да не помогне секому: Зошто е тоа така?

28 октомври, 2020
tan2020-10-13939466461-830x0


Член на британската работна група за развој на вакцината, Кејт Бингам, рече дека првата генерација на вакцини против вирусот корона „веројатно нема да биде совршена“ и дека „можеби нема да работи за секого“, објави Ројтерс.

– Сепак, не знаеме дали некогаш ќе имаме вакцина против вирусот корона. Важно е да не се биде премногу оптимист – изјави Бингам за медицинскиот журнал „Лансет“. Таа рече дека првата генерација на вакцини против Ковид 19 „може само да ги намали симптомите на инфекција, па дури и тоа не е гаранција дека ќе биде ефективна за секого“.

– Многу, дури би рекол потенцијално сите вакцини против корона може да бидат неуспешни. Фокусот на вакцините е зајакнување на имунолошкиот одговор кај луѓето постари од 65 години, додаде Бингам.

escort - Korsan taksi