НА НЕБОТО СЕ СЛУЧУВА МАГИЧНА КОМБИНАЦИЈА НА ЈУПИТЕР И ПЛУТОН- Младата Месечина, 15 ноември, за овие три знаци, значи исполнување на сонот!

12 ноември, 2020
38_1000x0

Имате можност да ги прифатите новите и позитивни промени што ви ги носи животот

Новата месечина ќе биде во знакот на Скорпија од 15 ноември 2020 година. И тоа ќе нè натера да погледнеме наназад и да се соочиме со најранливите чувства. Но, ова е неговиот начин да нè охрабри да се ослободиме од емоционалните ексцеси и да започнеме ново поглавје во животот.

За време на младата Месечина, се појавува магична фузија на Јупитер и Плутон. Оваа позиција на планетата нè охрабрува да ја користиме нашата голема внатрешна мудрост, подобро да ги запознаеме нашите емоции и да ја прочистиме нашата енергија.

Ова се 3-те хороскопски знаци на кои најмногу ќе влијае младата Месечина во знакот на Скорпија:

БИК

Имате можност да ги прифатите новите и позитивни промени што ви ги носи животот, особено во областа на партнерствата. Вашата љубовна врска направете ја автентична, зачинете ја со нова страст, имагинација и искри на љубов. Искрената и длабока комуникација конечно ви носи мир кога станува збор за љубовта. Дозволете си да бидете ранливи и конечно да го отворите срцето.

ДЕВИЦА

Сите ваши постапки и реакции за време на младата Месечина во Скорпија добиваат интензитет на сурова емоционална искреност. Иако сте знак кој секогаш ѝ дава предност на логиката, сега ќе дозволите вашите чувства да излезат на површина. Ќе ви донесе олеснување. Вашата емотивна страна ќе ве инспирира за позитивна трансформација.

СТРЕЛЕЦ

Младата Месечина влијае на вас охрабрувајќи ве да ѕирнете во длабочините на вашата душа. Конечно наоѓате време за одмор и релаксација. Побарајте траги за вашиот пат кон успехот во старите, заборавени соништа. Време е за добри идеи и напредок – искористете ја оваа енергија.

escort - Korsan taksi