Неверојатно откритие на дното од океанот: еколозите во шок, се создаваат жаришта во длабочините!

12 јули, 20200
море

Истражувањата покажале дека количината на микропластика на морското дно е најголема во историјата, а 1,9 милиони парчиња пластика прекриваат само еден квадратен метар.

Експертите изјавиле дека се шокирани од обемот на микропластика пронајдена на морското дно.

Пластиката која плови прави помалку од 1% од 10 милиони тони пластика која годишно влегува во светскиоте океани, се вели во едно истражување.

Научниците сметаат дека останатите 99% се акумулираат длабоко во океанот, но до сега не било јасно каде точно завршува остатокот од пластика.

Морските струи ја пренесуваат микропластиката

Длабоките морски струи делуваат како транспортни ленти, пренесувајќи ги сите пластични фрагменти и влакна преку морското дно.

Заради струите микропластиката се таложи во големи групи кои експертите ги нарекле “жаришта на микропластика”. Шишињата, кесите и сламките кои често ги гледаме како пловат на површината на морето се само врвот на сантата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi