Омилената боја го открива видот на либидото: Црвена сакаат страствените, жолта пасивните љубовници…

27 септември, 2020
64402743_l

Изберете ја омилената боја, и вие и вашиот партнер, бидејќи тоа покажува каков вид либидо имате, колку сте компатибилни едни со други кога станува збор за сексот.

Кафеава

Луѓето чија омилена боја е кафеавата боја се вистинско „богатство“ за нивните партнери. Нивните чувства се длабоки, топли се и многу емотивни и чувствителни на туѓите потреби. Бидејќи се многу сензуални, секогаш е право време за секс со нив – скоро секогаш се подготвени. Никогаш не можете да им кажете „Те сакам“ доволно пати.


Црвена

Луѓето кои ја сакаат црвената боја се генерално многу страствени во кревет. Тие се возбудуваат многу лесно и сакаат да уживаат во сексот на сите можни начини. Ова вклучува многу експериментирање, како и недостаток на табуа. Ако тие се „запалат“, потребни се часови за да се „оладат“.


Жолта

Ако вие или вашиот партнер сте љубители на жолта боја, тоа значи дека вашето либидо е многу сложено и обично се прилагодува на ситуацијата и моменталните чувства. Иако се страствени, тие најчесто се во улога на оние кои го задоволуваат својот партнер и повеќе делуваат како пасивна страна.


Црна

Оние кои се одлучуваат за оваа боја, обично ја избираат по инерција, т.е. тие немаат волја да размислуваат премногу за поставеното прашање. Покрај тоа, расположението е променливо и најдобро функционира под притисок.

Сина

Љубителите на сината боја се одлични сексуални партнери. Тие обрнуваат внимание на желбите и потребите на другата страна и сметаат дека водењето љубов е уметност. Тие се суптилни и не се вулгарни.

Зелена

Љубителите на оваа боја изгледаат свежи и невини во пристапот кон сексот. Мажите кои ја сакаат оваа боја често се несмасни во кревет, но се чини шармантно и слатко.

escort - Korsan taksi