Откриен е 13-ти хороскопски знак

26 јули, 20200
horoskop

Една стара блог објава на НАСА стана вирален хит оваа недела и ги вознемири бројните корисници на социјалните мрежи. Имено, во тој пост се твди дека е откриен 13-ти хороскопски знак кој може да ги помести сите датуми што биле поврзани со одредени знаци, а со тоа да го смени и нашиот хороскопски знак.

Уште во 2016 година, НАСА на својот блог објави статија во која тврдеше дека античките цивилизации откриле уште еден хороскопски знак наречен Змијоносец (Ophiuchus) кој го опфаќа периодот од 29 ноември до 17 декември, доколку би бил вклучен во системот на редовни хороскопски знаци.

Тие објаснуваат дека цивилизациите што живееле пред повеќе од 3.000 години избрале и поделиле 12 соѕвездија на зодијакот, додека некои други цивилизации имале дури 24 соѕвездија. Дури и тогаш, некои од 12-те избрани знаци не се вклопувале како што треба, а вистинската забуна ќе настане доколку и Змијоносецот како знак биде вклучен во зодијакот.

Ова би значело дека сите датуми кои се поврзани со останатите хороскопски знаци ќе претрпат промени, а со самото тоа и некои луѓе кои до сега имале еден знак, во иднина би имале друг.

Но, оваа идеја им пречи на луѓето кои веруваат во хороскоп, а особено на оние кои веќе го имаат истетовирано својот хороскопски знак некаде на своето тело.

Кои се карактеристиките на Змијоносецот?
Наводниот 13-ти знак е пред се уникатен по тоа што за разлика од 12-те знаци со кои веќе сме добро запознаени, Змијоносецот се поврзува со вистинска личност по име Имотеп, позната и како Серпентариј или Есклепиј кај античките Грци.

Имотеп живеел во 27 век п.н.е. во Египет. За разлика од сите останати знаци, овој знак нема своја спротивност, па според тоа не постојат поларни искуства поврзани со овој знак. Освен тоа, како што самиот знак се наоѓа помеѓу Скорпија и Стрелец, тука некаде се наоѓаат и неговите карактеристики. И тоа е добра работа доколку сте Змијоносец, кој е претставен со симбол на жена која носи змии. Според луѓето кои ги проучуваат хороскопските знаци, тие што се родени во овој знак се посакувани од страна на другите луѓе и ги следи добра среќа.

13-тиот знак е исто така многу страствен, што во поголемиот број случаи може да биде меч со две острици. И покрај тоа што Змијоносецот има многу добри квалитети, тој е исто така многу љубоморен, таинствен и арогантен, со див темперамент. Како интроверт, за овој знак се вели дека ужива во времето поминато со себе и очигледно избегнува социјални ситуации кога знае дека не може да ја покаже својата доминација. Сепак, вие не сакате да се справите со нивната лоша страна. Позади мистеријата која ги опкружува, тие имаат способност за мамење и можат да уништат скоро секого. Змијоносецот е знак на кој дефинитивно не треба да му згрешите.

Како што може да забележите, како и секој друг знак, Змијоносецот има свои позитивни и негативни страни – но повеќето од неговите квалитети можат да се поврзат со стереотипните карактеристики на Скорпијата и Стрелецот (двата знака кои се наоѓаат пред и после Змијоносецот). Тоа значи дека доколку сте родени помеѓу 29 ноември и 17 декември и се препознаете во карактеристиките на Змијоносецот, може исто така да влечете некои карактеристики и од овие два соседни знаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi