Ова е една група на луѓе на кои им е најтешко да се откажат од цигарите: Дали и вие сте меѓу нив?

6 октомври, 2020
kako-se-mozete-odviknuti-od-pusenja-830x0

Осаменоста ја зголемува потребата за пушење

Изолацијата, карантинот и забраната за движење предизвикаа нова епидемија на осаменост. Осамените луѓе често се чувствуваат бескорисно и потешко наоѓаат поддршка, што ќе им помогне да ги надминат животните пречки.

Осаменоста крие страшни опасности. Истражувачи од Универзитетот во Бристол откриле дека осамените луѓе имаат помала самоконтрола, што го отежнува прекинувањето на пушењето.

Покрај тоа, податоците од стотици илјади луѓе доведоа до заклучок дека осаменоста ја зголемува потребата за пушење.

„Најдовме докази дека осаменоста доведува до зголемено пушење и ја намалува веројатноста за успешно одвикнување“, изјави доктор Робин Вутон за „Мирор“.

Оној кој е осамен пуши, а оној кој пуши станува осамен

– Откриено е и дека пушењето може да доведе до поголема осаменост, а оваа нездрава навика е идентификувана како фактор на ризик за лошо ментално здравје. Никотинот и чадот од цигари се мешаат во невросистемите во мозокот – објасни д-р Џордан Треур, научник од Амстердам.

Поради недостаток на ментална поддршка, осамените луѓе потешко се ослободуваат од пороците, а д-р Вутон рече дека бројот на осамени луѓе ќе се зголеми поради социјалната изолација и карантинот.

„Веруваме дека резултатите од ова истражување се многу важни за секој што се обидува да се откаже од пушењето за време на пандемијата“, рече таа.

Робин смета дека можеби најлесниот начин е да пронајдете друга личност, иако можеби не сте премногу блиски со неа, која исто така сака да се откаже од пушењето. На тој начин, ќе имате една личност со која ќе можете да ги споделувате своите мали успеси и да бидете поддржувачи едни на други.

escort - Korsan taksi