Овој необичен велосипед ви овозможува истовремено да се возите и да џогирате

2 јули, 20200
velosiped

Ова уникатно превозно средство се нарекува Лопифит, електричен велосипед што е во исто време трака за трчање. Потекнува од земјата на велосипеди – Холандија.

За оние кои го возат, Лопифит им овозможува да покриваат поголеми растојанија за пократко време отколку да пешачат, но во исто време да имаат и интензивен кардио тренинг надвор.

Неговите креатори тврдат дека овој необичен велосипед е погоден и за оние кои не сакаат да возат велосипеди или кога некои физички ограничувања не го дозволуваат тоа.

Лопифит овозможува движење со темпо на одење од околу 5 км на час, но и движење со брзина од околу 30км / ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi