Палата која се движи по шини: Како Orient Expresѕ стана најпознатиот воз во светот?

6 јуни, 2020
this

Orinet Express е главното место на дејствието од крими романот Убиство во Orient Express” на Агата Кристи. Благодарение на тоа, овој воз стана симбол на луксузот и еден од најпопуларните начини на превоз помеѓу Париз и Инстанбул.

Познато е дека со него патувале сите кралеви од крајот на 19от и почетокот на 20от век – од белгискиот крал Леополд II, преку англиските кралеви Едвард VII и VIII, до шведскиот крал Густав V и бугарскиот крал Фердинанд I.

Идејата за воз со спални соби доаѓа од синот на угледен белгиски банкар, George Nagelmacker. Тој престојувал долго време во Америка, кадешто се направени иновативни напредоци во железничкиот промет, кој во тоа време се сметал за несигурно превозно средство.

Nagelmacker ја основал Compagnie Internationale des Wagons-Lits, со цел да создаде воз кој ќе го опфати целиот континент.

Во 1882 година Orient Express бил завршен. Оригиналниот воз се состоел од 4 спали соби со 58 кревети, вагони – ресторани во коишто била послужувана врвна храна и два вагони за багаж.

Иако со текот на годините се менувал бројот на вагони, како и неговиот правец на движење, сепак најпозната релација е онаа од Париз до Константинопол (Истанбул).

Пијалоците се служеле во кристални чаши, а спалните биле покриени со свилена постелнина, па не е ни чудо што цените на картите биле огромни и што токму Orient Express бил најпопуларното превозно средство меѓу припадниците на високата класа.

Интересот за ова превозно средство почнува да опаѓа по Втората светска војна, кога почнува да се развива автомобилската индустрија.