13 август, 2020

Нередот е главниот виновник за блокирање на енергијата во вашиот дом, но не  и единствениот! Ние ви нудиме список со предмети коишто најверојатно ги имате во вашиот дом, а не сте ни свесни дека можат да ги саботираат вашиот труд, среќа, благосостојба и материјално богатство:

1. Немојте да ставате огледало на влезот од вашиот дом – рефлектирајќи се од влезната врата, тоа ја одбива добрата енергија и спречува да влезе во домот.

2. На телевизорот и останатите електронски уреди не им е местото во спалната соба. Исто така, обрнете внимание и на нередот под вашиот кревет, затоа што може да ви предизвика несоница!

3. Кујната и онака е место коешто изобилува со елементот оган, па најдобро би било да избегнувате црвена боја, затоа што може да биде индикатор на негативна енергија и нервоза помеѓу домашните.

4. Уметнички дела и фотографии коишто иницираат навраќање на спомени или се поставени премногу ниско на ѕидот, можат да влијаат на психичкото здравје и да предизвикаат депресија или пак некои слични состојби.

5.Скршени, оштетени и расипани предмети – сето она што треба да се поправи, а овде спаѓаат и исушените билки бидејќи покрај нив и Вие самите може да се чуствувате “скршено” и “овенато”.

Остави коментар

Почетна // Free Time // Предмети кои се навистина непотребни во вашиот дом според Фенг Шуи:
Горе