Супер бабичка: Својот 90-ти роденден го прославила со скок од падобран!

8 октомври, 2020
download_qDv9fss


Доказ е дека и во доцните години од животот сеуште можете да сакате адреналин и авантура, па таа го прослави својот 90-ти роденден со скокање со падобран од висина од 4500 метри


Патриша Бејкер, од Ланкашир, рече дека е одлично да скокне од висина од 4500 метри, а тоа го посака за својот 90-ти роденден, пишува Метро. Видеото прикажува бестрашна баба во црвен комбинезон која обожава адреналин дури и во нејзините подоцнежни години.

– Беше фантастично, малку застрашувачко, но одлично. Малку бев нервозна кога седев во авионот, но штом тргнавме ме понесе ова неверојатно искуство со летот. Единствениот шок ми беше ненадејното повлекување кога се отвори падобранот, па сега боли малку, но сè ќе биде добро утре – рече таа веднаш по слетувањето.

Патриша ја доби идејата за скок со падобран на почетокот на оваа година додека разговараше со пријател кој спомена дека има список со желби што сака да го исполни пред да умре. „Сфатив дека немам список со желби, па затоа сметав дека е убаво да се прослави мојот роденден“, рече таа.

escort - Korsan taksi