Тест за карактерот: Бојата која прво ја забележавте на сликата открива многу а вас!

25 ноември, 2020
slika-test


Зошто некој прво ги забележува деталите, некој бојата, а некој третиот облик на сликата? Начинот на кој гледаме што е пред нашите очи, како и работите што нè опкружуваат, кажува многу за нас.

Погледнете, каква боја прво забележавте на сликата? Кој тон според вас доминира?

Темно сино

Вие сте перфекционист, сакате да анализирате сè и многу сте добри во тоа. Никогаш не носите одлуки набрзина без претходно да ги земете предвид сите фактори и внимателно ги избирате своите пријатели, само кога ќе се покаже дека нивните постапки ја заработиле вашата лојалност. Романтиката не е вашиот силен адут, што не значи дека сте лишени од емоции. Вие едноставно не ги ставате на прво место. Естетиката е многу важна за вас во сè, вклучително и во изборот на партнер.

Жолто-зелена боја

„Ова е лесно“ е вашето мото. Вие сте опуштена личност која не страда од притисок и не се стресувате без причина. Можете лесно да се прилагодите на секоја ситуација затоа што секогаш гледате во „поголемата слика“. Само затоа што прифаќате луѓе со сите нивни маани и доблести, не значи дека не ги гледате реално. Во љубовта, лишени сте од љубомора и суета, но поради тој лежерен став, честопати „страдате“.

Тиркизна боја

Вие гледате уметност во сè. Вие сте креативни и имагинативни и ве краси љубопитен ум. Секогаш барате нови авантури, уживате да откривате нови работи, без разлика дали станува збор за јадења што никогаш не сте ги пробале или земји што никогаш не сте ги посетиле. Ризикот ве привлекува, поради што не сте идеален партнер за оние кои сакаат стабилна врска. Лесно се заљубувате, но и брзо се „ладите“.

escort - Korsan taksi