Некој направи скап подземен бункер кој треба да симулира „нормален“ живот

19 јули, 20200
бункер

2020. година поради коронавирусот и општиот карантин, ќе биде запаметена како тешка година во поновата човечка историја, но добата на Студената војна исто така била доста жестока.

Некои статистики велат дека дури 70% од Американците биле убедени дека ги чека нуклеарна војна со сериозни последици, па затоа масовно започнале да градат подземни бункери и атомски засолништа кои би требало да ги заштитат од можниот напад. Се проценува дека направиле околу 200 000 бункери, а некои од нив изгледаат навистина импресивно.

Во Лас Вегас има еден таков бункер вреден дури 18 милиони долари. Изграден е од претприемачот Гирард Б. „Џери“ Хендерсон, човек кој се збогатил од компанијата Avon cosmetics и Gulfstream Aerospace Corp. Тој многу се плашел од ефектите од Студената војна, па во 1964. година ја основал фирмата „Underground World Homes“, изградил огромен подземен бункер и се обидел да и објасни на јавноста зошто треба да започнат да живеат под земја.

Бункерот е направен 8 метри под површината и зафаќа површина од скоро 1400 метри квадратни. Тој е дизајниран да симулира нормален живот, иако всушност сè е под површината на земјата. Сè е осветлено, додадени се мотиви на природата, позадини на кои се гледаат шумите, планините, градовите … Човек за момент може да помисли дека е на најобично место над површината на земјата.

Погледнете како изгледа овој огромен бункер…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi