Променете ги овие навики кај домашно милениче и продолжете му го животот!

2 август, 20200
milenici

Животните стареат побрзо од луѓето, затоа треба да се грижиме за нивното здравје за да бидат подолго време во нашиот живот.Домашните миленици се како членови на семејството на повеќето луѓе, така што секако е логично дека треба да им се пружи долг и среќен живот. Придобивките од чување кучиња и мачки се големи.Ешли Галагер, ветеринар и експерт за подобар квалитет на живот за домашни миленици, за Friendshiptails, посочи пет правила како клучни упатства за подолг живот за вашите крзнени пријатели.

Годишни прегледи

Ова правило треба да биде на врвот на списокот за нега на домашни миленици. Ешли Галагер истакна дека кучињата и мачките стареат многу побрзо од луѓето и дека една прескокната година на посета на ветеринар е еднаква на пет човечки години. Редовните прегледи му помагаат на вашето домашно милениче затоа што ветеринарот може да го открие проблемот во рана фаза и на тој начин, полесно е да се излечи.

Одржување на хигиената

Одржувањето на хигиената кај домашните миленици не само што значи дека кучето или мачката е чисто, туку и им помага за подолг и посреќен живот.Редовното четкање, чистењето на ушите и одржувањето на ноктите ќе го олеснат животот на вашиот пријател со четири нозе. Со четкање, вие не само што ја отстранувате нечистотијата, туку понекогаш и крлежите што можат да пренесат опасни болести, не само за здравјето на вашето домашно милениче, туку и за целото семејство.

Добра орална хигиена

Исто како што е важно кај луѓето, така е и кај животните. Галагер објасни дека стоматолошките заболувања можат да доведат до други болести кај домашните миленици. Се проценува дека 80% од кучињата и 70% од мачките постари од три години страдаат од некаква форма на заболување. Лошиот здив на вашето домашно милениче може да предизвика некои други проблеми, затоа се препорачува редовно да им ги четкате забите, но и да ги носите на преглед.

Дневна физичка активност

Активноста, исто така, го продолжува животот на домашно милениче. Без физичка активност, кучињата и мачките стануваат фрустрирани, здодевни и полесно развиваат срцеви заболувања или дијабетес.Прилагодете ја физичката активност според карактеристиките на вашето домашно милениче и ако не сте сигурни, консултирајте се со ветеринар.

Храна

И, конечно, исто како кај луѓето, храната што ја јадеме има неверојатно влијание врз здравјето. Изберете квалитетни производи и обрнете внимание на тежината на вашите миленици. советува дека програмата за диети треба да се направи во договор со ветеринарот, а на домашните миленици никогаш не треба да им се дава храна која не е наменета за нив, особено ако содржи шеќери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi