Бил Бин порано бил фитнес инструктор и спортист склон кон полесно разбирање на животот. Кога му се случиле некои вознемирувачки и тешки работи, тој целосно се преобратил и се обратил кон Бога. И не само тоа – за една година тој станал еден од најдобрите егзорцисти во Соединетите држави, а можеби и во светот.
За време на гостувањето во една емисија, тој истакна дека ѓаволот не бира кога ќе влезе, но дека во принцип тоа го прави со послаби луѓе, чија вера е нестабилна или ја немаат. „Сè што гледате во филмовите, се заснова на вистински настани. Дека оние што се поседуваат се качуваат, односно лебдат над земја и тоа е точно. Дека нивната боја на очите се менува во црно или зелено е точно. Дека тие започнуваат да пукаат и фрлаат тешки парчиња мебел низ собата, и тоа е точно. Едноставно, овие луѓе добиваат неверојатна сила од ѓаволот. После многу напор, успеав да ги вратам на вистинскиот пат и за среќа јас не сум единствениот што го правам тоа.
Не можам да им дадам совет на луѓето како да се бранат, бидејќи тие намерно не го бараат ѓаволот. „Можам само да им кажам дека тие треба повеќе да им веруваат на нивните инстинкти во животот, како и на Бог, и ќе имаат посилен одбранбен механизам против ѓаволот и неговите намери“, посочи Бин за „Дејли Стар“.