Нова опција на Фејсбук!

22 мај, 2020
фејсбук

Со оглед на моменталната ситуација, а и воопшто, луѓето се повеќе користат видео разговори, па Фејсбук одлучил да ги унапреди своите функции. Месинџер соба се прошири во целиот свет.

Заштитата на приватност на месинџер собата вклучува и можност за контрола кој ја гледа вашата соба и можете да ја заклучите или отклучите. Доколку е отклучена, во неа може да се придружи секој и да ја дели собата со другите, но креаторот на собата мора да биде присутен за да го започне повикот. Креаторите можат и да исклучуваат луѓе од разговорот.

За да ја направите собата, треба да ја имате најновата верзија на мобилна апликација за Фејсбук и Месинџер. Потоа треба да го оптворите месинџерот, да стиснете на “луѓе” во долниот десен агол и да ја одберете опцијата “креирај соба”. Потоа ќе ви биде понудено да одберете луѓе кои сакате да се придружат во разговорот.