Сте купиле авокадо што сè уште не е созреано за јадење? Нема проблем.
Авокадото често е тврдо како камен кога сте го купиле, затоа е потребно да почекате некое време за да созрее и омекне. Можете да го забрзате овој процес на едноставен начин.
Овошјето и зеленчукот како јаболката, доматите, лубениците и зрелите банани произведуваат гас етилен, што го забрзува зреењето на храната во нивната околина. Затоа во повеќето случаи добро е да ги отстраните сите други производи во близина на овие намирници, но кога станува збор за тврдо авокадо, тие би можеле да бидат корисни.
Ако сакате да го созреете авокадото и да биде спремно за јадење, ставете го во фиоката во фрижидерот и опкружете го со јаболка, домати, банани и дињи. По еден ден или два ќе биде совршено.