Потребни состојки:
6 белки
10 супени лажици шеќер
1 супена лажица оцет
Желе:
300гр јагоди
Вода
Пудинг од јагода
4 супени лажици шеќер
Ванила крем:
600мл млеко
6 жолчки
6 супени лажици брашно
4 супени лажици шеќер
½ маргарин и 100гр шеќер во прав (или 100мк изматена слатка павлака)
100гр чоколадо
Шлаг
Подготовка:
Изматете цврст шне од белките и шеќерот па на крајот додадете го оцетото и убаво изматете.
Загрејте ја рерната на 150 степени. Во плех за печење приближно 20×30 см ставете хартија за печење и ставете ги белките, израмнете и оставете да се исуши во рерна најмалку еден час. Извадете ја исушената кора, извадете ја хартијата и оставете да се излади целосно.
Испасирајте или изблендирајте ги јагодите па доадете вода. Заедно цената смеса (изблендираните/испасираните јагоди+водата да имаат маса од 500мл) и ставете на оган да се загрее.
Пудингот и шеќерот изматете ги со 100мл вода па кога ќе почне да врие смесата со јагоди и вода дадете го пудингот и мешајте непрекинато се додека смесата не стане густа. Тргнете од оган и оставете да се олади, да биде млака.
Од 600мл млеко одземете 200мл. Во 200мл млеко додадете ги жолчките, брашното и шеќерот. 400мл млеко ставете на оган да се загрее. Откако ќе почне да врие додадете ги соединетите млеко, жолчки, брашно и шеќер и мешајте непрекинато се додека смесата нестане густа. Тргнете од оган и оставете да се олади целосно.
Изматете го маргаринот со шеќерот и додадете го во целосно оладениот пудинг. Или изматете слатка павлака и додадете ја во пудингот.
Во плехот во кој се сушеше кората, ставете ја прво кората, па растопете една чоколада со 2 лажици масло и премачкајте ја кората па оставете да се олади.
Следно, откако ќе се олади чоколадата, прелијте го млакото желе и израмнете. Ставете во фрижидер 10 минути па извадете и ставете го кремот од ванила. На крајот декорирајте со шлаг по желба.
Готовата капри торта ставете ја да се лади неколку часа пред да ја служите.
ПРИЈАТНО!