Потребни состојки:
- ½ келераба
- 3 компири
- 1 лажичка хималајска сол
- 1 супена лажица соино масло
- 1/3 лажички чили
- 1 супена лажичка кромид во прав
Подготовка:
- Сварете ги исецканата келераба и компирот и додадете го кромидот во прав при готвењето, потоа со водата од самото готвење добро избендирајте ги двете намирници и процедете ги. На процедената смеса додадете и го соиното масло заедно со чилито. Потоа, за смесата добро да се изедначи, сè заедно уште еднаш ставете во блендер. Чорбата можете да ја послужите со роквица или леблебија, како додаток за поубав изглед на чинијата. На здравје!