Веќе знаете дека лимонот има одличен ефект во дезинфекција и отстранување на маснотиите од површините. Особено во „соработка“ со сода бикарбона, ефективноста е ненадминлива.
Овие две намирници, ги отстрануваат и најтврдокорните дамки од било која површина.
Сепак, она што не можевте да го претпоставите е дека кечапот ги отстранува дамките од шпоретот како ниедно друго средство.
Поточно, вклучете ја рерната на мала температура, како и ринглите, нанесете го кечапот на дамките и почекајте, а потоа кога малку ќе се растопи избришете. Ќе бидете воодушевени од резултатот.
Истата постапка можете да ја примените и на садовите за готвење.