Состојки:
- 200 гр киноа
- 300 гр моркови
- 300 гр замрзнат млад грашок
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици соја сос
- 2 јајца
- 1 црвен кромид
- 2 чешниња лук
- 1 пролетен кромид
- 200 мл пире од домати
Подготовка:
- Киноата ставете ја на густо сито и пуштете млаз ладна вода, добро да се исплакне за да не биде горчлива… Ставете вода двојно повеќе од количината на киноата и варете 20 минути. При крајот изгаснете го огнот и чувајте ја уште 5 минути, и тогаш е готова.
- Ситно исецкајте го црвениот кромид и испржете го во маслиновото масло, додадете ситно сецкан лук, потоа исечканите моркови и замрзнат грашок и гответе ги 10 минути. Потоа ставете го зеленчукот на едната половина на тавата, изматете ги јајцата со вилушка и додадете ги во другата половина од тавата и полека измешајте ги јајцата и зеленчукот, додадете киноа, соја сос и пире од домати … додадете сол, бибер, чили, вегета по желба.
На крај додадете исечен пролетен кромид и сецкан магдонос.
Добар апетит!