Лесна и вкусна супа која ќе ја обожавате ова лето
Состојки:
- 1 мал корен од целер
- 3 црвени јаболка
- 1 поголема главица кромид
- 1 лажица путер
- 2 дл павлака за готвење
- Сол, бибер – по вкус
- Мајчина душица
- 30 грама печени лешници
Подготовка:
Излупете и исечети ги на коцки јаболката, целерот и кромидот. Загрејте го путерот па додадете кромид, испржете го кратко и додадете ги целерот и јаболката. Оствете ги неколку минути, додадете сол, бибер и мајчина душица, а потоа додадете вода за да се впие.
Гответе над тивок оган околу 30 минути. Измешајте го тенџерето со дрвена лажица, а потоа додадете ја павлаката за готвење и оставете да зоврие. Тргнете ја настрана и додадете го ситно исецканиот лист од целер.
Украсете ја супата со малку мелени лешници.
Пријатно!