Состојки:
- 1 црвен кромид
- 2 лажици масло
- 1 лажичка мелен црвен пипер
- 200 грама варена пченка (конзервирана или замрзната)
- 1 лажичка сол
- половина лажичка бибер
- 300 мл млеко
- 200 мл вода
- 1 лажица сирење маскарпоне
- лута црвена пиперка по желба
Подготовка:
- Исечете го кромидот на еднакви парчиња и испржете го во загреано масло.
- Додадете сол и пржете уште неколку минути додека не омекне, повремено мешајќи.
- Кога кромидот ќе омекне, додадете лажичка црвенн пипер и промешајте.
- Веднаш додадете ја пченката, промешајте и полијте со млеко и вода.
- Варете и ако сакате, додадете мелени лути пиперки.
- Оставете ја да зоврие, а потоа намалете ја топлината и варете ја 10 минути.
- После тоа, внимателно измешајте ја супата.Вратете ја на рингла, додадете лажица сирење од маскарпоне и варете додека сирењето не се стопи.