
Кристијан Голубовиќ отиде во реалното шоу Задруга, иако наводно му било кажано дека не смее да биде изложен на стрес.
– Имав Коксаки вирус затоа што често носев панцир и возев блиндиран автомобил. Тоа предизвикува миокардитис и со години се борам со тоа – рече поранешниот затвореник.

– Имам хронични проблеми, ме болат коските затоа што беа скршени, дупнати, ранети. Спијам кратко и немирно, имам несоница, но јас сум силен како бик, тоа е важно. Психички сум подготвен, не верувам дека некој ќе може да ме вознемири, а камоли физички. Преживеав многу полоши работи. Моето срце ќе ја издржи и оваа „Задруга“. Овој пат, нема да дозволам ѓубрињата да ме исфрлат од колосек – додаде Кристијан.

Голубовиќ имал проблеми и со тахикардија во „Фарма“, па морал да носи холтер кој му го снимал срцето 24 часа на ден.