Магичен вкус: Тарт со сланина

popara11 јуни, 20202min00
tart

Едноставен тарт со зеленчук и сланина која се подготвува брзо.

Состојки:

– 150 гр кромид

– 2 чешниња лук

– 50 гр пушена сланина

– 100 гр тиквички

– 100 гр моркови

– 50 гр сирење

– Црвена пиперка

– 60 гр брашно

– 1/2 лажичка прашок за пециво

– 1/2 дл масло

– 3 јајца

– Сол, бибер

Подготовка:

Пржете ја сланината во тава без додавање на маснотии. Во еден сад ставете ги исецкани кромидот, лукот, тиквичките, морковите, пиперката и сланината.

Додадете брашно измешано со прашок за пециво, јајца, сирење, масло, сол и бибер. Измешајте сè добро.

Овален сад премачкајте со путер и посипете брашно. Истурете ја смесата, израмнете ја и испечете ја во загреана рерна на 180 степени – околу 30 минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma