Изненадете ги вашите деца со вкуснi мекици веднаш штом ќе ги отворат очите и тоа за само 10 минути труд. 🙂
Состојки:
- 500мл млеко
- 1 квасец
- 1 прашок за пециво
- 4 јајца
- 1 грама сол
- 200мл јогурт
- 1 кг/400гр брашно
Подготовка:
1. Ставете ги брашното, јајцата, прашокот за пециво, јогуртот, сол и млекото во сад и замесете тесто (како за кифлици). Меко тесто, да не е тврдо. Добро измешајте го и ставете го во поголем сад што претходно сте го подмачкале со масло.
2. Покријте го тестото со најлонска фолија (намачкајте малку масло) за да не се лепи тестото на фолијата и ставете го во фрижидер. Ова тесто може да го чувате во фрижидер 7 дена.
3. Кога ќе посакате да јадете вкусна мекица, извадете го тестото и направете мека мекица со рацете (истегнете со прстите колку што е можно потенко). Ставете малку масло, загрејте го и почнете со пржење.
4. Ако не го искористите цело тесто, можете да го ставите повторно во фрижидер.
Добар апетит!