
Секогаш самоуверена!
За фолк sвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, годината беше успешна, пред сè на приватното поле, бидејќи таа стана баба. Пејачката е среќна поради тоа, но секако дека не се чувствува како баба и честопати сака да истакне преку шега дека е баба исклучиво на нејзиниот внук Жељко.
Очигледно е дека Цеца изгледа одлично, но за време на едно интервју, водителката ги коментираше нејзините фотографии и по тој повод тие сакаа да проверат дали можеби користи филтри за убавина?

–Па дали ме гледаш во живо? Дали се филтри? Ме гледаш ли пред тебе? Дали имам филтри? Тоа е што е – истакна пејачката.
А потоа на коментарот дека е „модната мачка“ самоуверено прокоментира:
–Па, кога не сум била? додаде таа.