Најдобра занимација за пред телевизор :)

popara1 април, 20201min00
naut

Сувиот слануток или конзервиран наут е една од најдобрите намирници што можете да ги имате во вашата кујна.

Станува збор за многу флексибилен и заситен извор на протеини што можете да го користите во чорби, супи, салати и други разни јадења. Можете дури да ги испечете во рерна.

Крцкавииот наут од рерна е многу популарна закуска во светот, а за негова подготовка не ви се потребни многу време, состојки или напор. Идеално за експериментирање со различни зачини.

Можете да го зачинете со чили или црвен пипер, да додадете медитерански билки или да го испечете со пармезан.

Состојки за крцкав наут од рерна:

  • 1 конзерва наут од 400мл
  • 1-2 лажици маслиново масло или друго масло
  • 1 лажичка зачин – чајна мешавина
  • сол и бибер по желба

Подготовка:

1. Отворете ја конзервата со наут, исцедете ја течноста и добро исплакнете ги зрната.

2. Ако сакате екстра крцкав наут, одвојте повеќе време и одвојте ја белата обвивка од плодот.

3. Добро исушете го наутот.

4. Измешајте ги наутот, маслото и избраните зачини.

5. Ставете ги плодовите во загреаната рерна на 175 степени околу 45 минути, односно додека не станат крцкави.

На половина печење извадете ги од рерната, добро измешајте и повторно ставете ги во рерната.

6. Послужете како самостојна закуска или како гарнир на други оброци. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag