Најдобриот рецепт за американски палачинки :)

popara1 април, 20201min00
Amerikanski-palacinki

Најдобро е да го чувате овој рецепт на безбедно место и да го користите во кризни ситуации кога желбата за слатко станува неподнослива.

Рецептот кој ќе ви помогне да ги направите највкусните американски палачинки е тука!

Американските палачинки се разликуваат од нашите првенствено по дебелина и големина. Кога се печат, тие се дебели околу половина сантиметар. Додека сеуште се топли, тие се премачкуваат со малку путер, наредени една врз друга, а потоа се преливаат со јаворов сируп. На овој начин тие остануваат сочни, сунѓерести и се топат во устата.

Јаворовиот сируп може да се замени со мед, карамел прелив, а доста популарни се и американските палачинки со Нутела, домашни џемови или овошје.

Состојќи:

  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер
  • 250 мл млеко
  • 1 јајце
  • 3 лажици стопен путер
  • 200 гр брашно
  • 1 прашок за пециво

Подготовка:

Во длабок сад најпрво измешајте ги брашното, прашокот за пециво, сол и шеќер. Направете дупка во средина и потоа додадете ги млекото, јајцата и растопениот путер. Промешајте додека не се добие густа смеса. Не мешајте со миксер. Ако е потребно додадете повеќе млеко или брашно. Оставете ја смесата да отстои 3-5 минути.

За тоа време ставете тавче за палачинки да се загрева на рингла на умерена температура. Премачкајте ја загреаната тава со путер и печете помали и подебели палачинки. Со помош на кутлача ставете од густата смеса во тавчето. Налевајте во едно место и смесата ќе се паспореди така што ќе заземе кружна форма (со дијаметар околу 10цм). Печете додека палачинките не добијат златно-кафеава боја. Потоа превртете ги на другата страна (отприлика на една страна до две минути печење).

Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag