Кој го повика мајсторот за коктели?
Викенд како викенд, излегувањата се во фокусот, сепак, ако сакате нешто поразлично, зошто да не пробате да бидете мајстор за коктел во вашето друштво барем една вечер? Ова сигурно ќе остави впечаток на сите ваши пријатели, и ќе имате супер забава.
Погледнете го нашиот список на предлози и трк по потребните состојки!
Коктел со вотка, краставици и ѓумбир
- Компоненти
- кршен мраз
- 1 мала краставица
- 1/2 лимон
- 2 лажички шеќер
- половина лажичка рендан ѓумбир
- минерална вода
- вотка
Подготовка
Ставете две раце кршен мраз во садот во кој ќе го сервирате коктелот. Исечете ја краставицата во прстени. Додадете шеќер и сокот од половината лимон. Промешајте добро. Додадете рендан ѓумбир, 2 дцл минерална вода и 1 дцл вотка.
Летен коктел
Компоненти
- 1 мала краставица
- грст мешавина од босилек, јаглика, целер и нане
- 30 мл сируп од лимон
- 100 мл вотка
- 10 мл ликер од анасон
- 10 мл сок од лимета
Подготовка
Исечете ја краставицата во прстени. Додадете вотка, ликер од анасон и сок од лимета во сирупот од лимон. Додадете ја мешавината од билките.
Куба Либре
Компоненти
- 120мл Кока-Кола
- 60 мл бел рум (Бакарди)
- половина лимета
- мраз
Подготовка
Ставете мраз во чаша, истурете рум, потоа додадете ја исцедената лимета, и на крај додадете кока кола.