
Се што треба да направите е да измешате коцки мраз, еспресо, чоколаден сируп и шеќер во гранули и кафето е готово за неколку минути.
Состојки:
– Коцки мраз
– Две мерици еспресо (18 грама)
– Мала шолја млеко за кремот
– 1 лажица чоколаден сируп
– 2 лажици шеќер во гранули
– Шлаг

Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер, освен шлагот. Изблендирајте ги состојките. Потоа ставете го пијалокот во чаша. На крај ставете шлаг и чоколаден сируп.