
Карлеуша е една од ретките пејачки која отворено призна дека има естетски зафати, па откри дека ги зголемила градите уште на почетокот на нејзината кариера. Сепак, таа не може да и парира на Дари Бубамари и нејзините атрибути
Не е тајна дека пластичните хирурзи, шминката и Фотошопот прават „чуда“, особено кога станува збор за пејачките. Сепак, на почетокот на нивната кариера, тие немаа толку многу можности за корекции, како и за уредување фотографии.
Сандра Африка (32)
Оваа девојка ја започна својата кариера како танчерка на Миле Китиќ (68). И тогаш кога фолкерот имаше настап во 2006 година пеејќи го хитот „Шампањ“, целото внимание го „украде“ атрактивната Сандра, чиј задник беше снимен повеќе од самиот настап на Китиќ.

После тоа, нејзината кариера тргна нагоре. Тогаш таа имаше малку поинаква фризура од денес. Носеше шишки и беше црна, додека сега е бринета.

Јелена Карлеуша (42)
Оваа скандалозна пејачка се „фрли“ во шоу-бизнисот на само 16 години. Потоа експериментираше со својата коса, па затоа некое време имаше кратка фризура со која изгледа непрепознатливо.

Таа е една од ретките пејачки кои отворено ги признаа своите естетски зафати, па откри дека ги зголемила градите уште на почетокот на нејзината кариера, а не е тајна дека го „поправила“ и лицето.

Дара Бубамара (44)
Некогаш лутиот ривал на Карлеуша, а денес близок пријател, Бубамара, може да се „пофали“ со едни од најголемите силиконски гради на сцената.

Но, на почетокот на нејзината кариера, таа немаше бујни атрибути и, како и повеќето пејачки во тоа време, носеше шишки.
Сека Алексиќ (39)
Исто како Сандра Африка, Сека порано имаше црна коса. Некогаш беше русокоса, додека денес е бринета. Таа не се промени многу во ликот, но има потенка фигура од порано.

Ана Николиќ (41)
Оваа пејачка веќе подолго време се бори со килограмите, но сега конечно влезе во форма.

На почетокот на нејзината кариера изгледаше како мало девојче, па така се облекуваше, додека сега носи облека што открива повеќе отколку што покрива.
