Нервоза, паника и страв: Ретроградниот Меркур го започна своето патување, а еве како тоа ќе влијае на хороскопските знаци

popara24 јуни, 20201min00
Landscape in fantasy alien planet with flaming moon and galaxy background. Elements of this image furnished by NASA

Меркур не е единствената планета којашто се движи ретроградно, напротив – секоја планета тоа го прави во одреден момент. Овој феномен се јавува секој пат во различен астролошки знак и има различно значење. Овој пат, ретрограден Меркур ќе биде во знакот на Рак. Иако најчесто се поврзува со лоши работи, астролозите се согласуваат за една работа – дека ситуацијата нема да биде премногу хаотична во наредниот период.

Што е најважно, ќе преиспитате некои животни одлуки. Кога е во ретроградна позиција, Меркур секогаш носи размислување за различни работи, и ако е во знакот на Рак. Преиспитувањата се однесуваат на сферата на домот и семејството.

Иако претстојната појава е ограничена со време, таа ќе ги охрабри промените и ќе влијае на вашиот напредок. Не бидете изненадени ако се фатите како размислувате за моменталната животна состојба. Дали сега е вистинското време за движење? Можеби ќе сфатите дека сега е време да се преселите и конечно да пронајдете место каде ќе се чувствувате поудобно и посреќно.

Или … дали се чувствувате како најдобрата верзија од себе веднаш до вашиот партнер? Можеби имате чувство дека сте во стагнација и дека вашата врска не оди никаде? Или пак, можеби ќе откриете дека емоционалната сигурност не е доволна за да ве израдува… Кога ќе станете свесни за вашите чувства кон вашата сакана личност, ќе можете да ја однесете вашата врска на следното ниво. Но, пред да одлучите за какви било драстични промени, размислете внимателно за сè. Ретроградниот Меркур ќе влијае на сите хороскопски знаци, но Ракот и Јарецот ќе бидат особено подложни на промени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma