
Во новата епизода од шоуто „Твоето лице звучи познато“, Нивес Целзијус излезе на сцената во тесен фустан и го истакна своето бујно деколте.
Нивес Целзијус во шоуто „Твоето лице звучи познато“, го донела парискиот шик со тесен фустан во боја на црвено вино и соодветни нараквици, додека на главата носела капа со леопардски принт.
Пејачката и писателката што ја гледаме како член во жирито, од емисија во емисија, ни ја покажува креативноста што се однесува до модните комбинации во кои и помага стилистот Марко Грубниќ.
Во последната емисија ја видовме во црн краток фустан со тантела на деколтето и со подигната коса, што исто така остави одличен впечаток кај гледачите и служеше како инспирација за некои понатамошни изданија.