Нова супер верзија од најпопуларниот пијалок: Ви го претставуваме новиот Бозел – џин!

popara2 јуни, 20201min00
61888155

Без сомнеж, изработката на домашен сок од бозел е одличен начин да се искористат цветовите од оваа билка, но за оние кои сакаат да испробаат нешто поинакво, џинот со вкус на бозел е еднакво добар и необичен напиток.

Состојки:

  • Шест до осум свежо набрани цветови бозел
  • Eдна изрендана кора од лимон
  • Една лажица шеќер во прав
  • 500 милилитри џин

Подготовка:

Добро протресете ги цветовите бозел, за да бидете сигурни дека во нив нема залутани инсекти, а потоа ставете ги во длабок сад. Додајте ја изренданата лимонова кора, шеќерот во прав и џинот. Потоа, прекријте го садот и оставете го да отстои 24 часа. Со помош на филтер – хартија за кафе, газа или нешто слично, процедете ја течноста и префрлете ја во чисто шише.

Пијалокот може да го послужите во комбинација со тоник и многу мраз.

Уживајте!  

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag