При мешање важно е волуменот на јајцето да се зголеми тројно. Во спротивно, вашата торта нема да ви успее …
Дали знаевте дека можете да направите вкусна торта со само две состојки? Ние ви претставуваме рецепт за торта од Nutella и јајца што бара малку труд и напор, но гарантира богат вкус.
Состојки:
- 5 јајца
- 250гр Nutella
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 175 Целзиусови степени.
2. Ставете ги јајцата во сад и мешајте ги со миксер околу 5 до 10 минути. Важно е обемот на јајцето да се зголеми тројно. Во спротивно, тортата нема да ви успее.
3. Растопете ја Нутелата во микробранова печка. За да се постигне оваа цел, доволно е овој вусен намаз да го оставите во микробранова печка околу 20 секунди.
4. Во растопената Nutella полека додадете ги јајцата и нежно измешајте ги во кремот. Тортата нема да успее ако ги мешате состојките премногу грубо и брзо.
5. Префрлете ја смесата во претходно подмачкан сад за печење и печете околу 25 минути. Изладете добро пред да послужите. Добар апетит!