Славната мексиканска уметница Фрида Кало зад себе не оставила само уметнички дела на кои светот им се воодушевува, туку таа сакала да го поминува времето подготвувајќи традиционални мексикански јадења кои нејзиниот сопруг, славниот сликар Диего Ривера ги јадел со задоволство.
Еве еден од нејзнините рецепти- пилешко во маринада. Рецептот е за 8 лица.
Состојки за пилешкото:
5 цели пилешки меса
250 мл оцет
2 кромид со средна големина, пресечен на половина
3 моркови
1 гранче целер
1 ловоров лист
Свежа мајчина душица
3 лажички сол
Состојки за маринада:
2 кромида исечени и излупени на листови
5 моркови излупени и исечени на кругови
10 чешниња лук
250 мл маслиново масло
3 листа ловоров лист
Оригано
Мајчина душица
500 мл бел оцет
125 мл вода
Подготовка:
Помешајте го пилешкото бело месо со останатите состојки, додадете вода и згответе го сè додека не омекне. Исцедете го пилешкото месо и оставете го да се олади, отстранете ги кожата и коските. Прелијте со маринада и оставете да стои најмалку два часа.
За маринада:
Изпржете ги кромидот, морковот и лукот на масло додека не поруменат. Додадете ги зачинските растенија и мешајте уште една минута. Додадете ги оцетот и водата и мешајте 10 минути да се измешаат зачините. Ставете го пилешкото бело месо, оставете сè да се проврие и мешајте уште пет минути.